Над 40 брендови на Саемот за транспорт

70

– Саемот за транспорт годинава започнува со значително квалитетна палета на учесници и брендови, а воедно и одлични саемски понуди за сите потреби на секој бизнис, во областа на транспортот. Сето ова е со цел заштеда на време, модернизирање на оперативните активности, а и последователно креирање нови можности за фокусирање на нови успеси за секој бизнис, изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем.

Според неа, бизнисот е еден од главните столбови на општеството и економијата, а саемските манифестации се едни од поголемите двигатели за развој на бизнис мрежата во различни индустрии.

На тековното издание на Саем за транспорт кој се одвива покрај СЦ „Борис Трајковски“, учествуваат над 40 брендови од државата, но и регионални и светски имиња во светот на транспортот и логистиката.

– Во рамките на бројните учесници и брендови, горди сме што имаме учесници од диверзифицирани дејности. На годинешниот Саем за транспорт се вбројуваат реномирани импортери на товарни, комерцијални и приклучни возила, автобуси, градежна механизација, компании за логистички и транспортни услуги, пратечка индустрија и услуги, смета Сања Кондарко, оперативен директор на Скопски Саем.