Работниците од Амазон во Германија штрајкуваат поради ниски плати

85

Повеќе од 2.000 работници од Амазон во Германија кренаа штрајк поради ниската плата.

Под мотото “Нема повеќе попуст на нашите приходи”, дводневната акција се совпаѓа со мега-попустот на Амазон во акцијата Prime Day, а поддршка на штрајкот дадоа и работниците во САД и Велика Британија, исто така.

Германските синдикати сакаат колективни договори и подобри услови, но Амазон одговори на штрајковите, наведувајќи дека тој веќе е “фер” работодавач. Германија е најголемиот пазар на Амазон надвор од САД и оваа недела ги објави плановите за ново складиште во Германија (13-то по ред) и нови 2.800 постојани работни места.