Над 11 илјади новозаразени со коронавирус во Колумбија

39

Во Колумбија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 11.000 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот позитивни на коронавирус досега е 433.805, соопшти Министерството за здравство на земјата.

„Уште 10.709 пациенти оздравеја, 11.226 се новозаразени, а во последните 24 часа имавме и 308 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19“, се вели во соопштението.

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке прогласи 30-дневна вонредна состојба на 17 март, која постепено се заострува и ќе трае до 30 септември, доколку не биде повторно продолжена.