Надреализам и фантастика во Мала станица

206

Во објектот „Мала станица“ на 20 ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена групна тематска изложба со наслов „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“.

Како што укажува и самиот наслов изложбата се осврнува на влијанијата кои надреализмот и фантастиката го извршиле врз развојот на современата македонска уметност во минатото, како и рефлексиите кои можат да се согледаат се до денешните остварувања.

Стремежите за претставувањето на поинаквото доживување на реалноста и за откривање на метафизичката страна на светот во Македонија се воочува во шестата деценија на 20 век.

Различните видови надреализам и целата зона на ликовно изразување, засилено се развива од средината на шеесеттите години (и по скопскиот земјотрес), со присуство на елементи на надреализам, метафизичко сликарство и магичен реализам.