Марко Маринковиќ попознат со прекарот Слаткар, треба да стане татко, чека дете со својата сопруга Сања Николиќ некогашната манекенка. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој подготвува нешто ново за атрактивната фолк-пејачка Сузана Гавазова. И се крена прав по медиумите. Но, сега Слаткара (за “Репортер“) ја демантира Гавазова.

– Ако постигнеме договор со Сузана за да ѝ направам песна, ќе ве известам“. Гавазова не беше достапна за коментар, и ако таа сподели заедничка фотографија со Слаткар преку која стои “Нешто ново се спрема“! Со тоа ги збуни фановите. Од каде тие двајцата во професионална комбинација? Но, воедно и ги израдува, бидејќи после хитот “Бум, бум“ се очекува Гавазова да објави уште некоја похитовска песна. Дали тоа ќе биде токму со Слаткар? Надежта никогаш не умира!  Д.М./foto:FB/