Надал конечно ќе ја круниса со брак 14-годишната врска (фото)

187

Како што јавува шпанскиот „Ола“,  најдобриот шпански тенисер на сите времиња, Рафаел Надал, конечно одлучи да стапи во брачните води.

Тенисерот и неговата долгогодишна партнерка Марија Франциска Перељо официјално ќе си го кажат судбоносното „да“ оваа есен во Мајорка.


Надал и Марија се заедно веќе 14 години, а таа отсекогаш му била најверната поддршка на тенисерот за време на турнирите. Тие се во врска уште од 2005 година, но деталите од приватниот живот главно ги кријат. Таа ретко се појавува во јавноста иако буди несекојдневно внимание кај медиумите, но на важните турнири секогаш е покрај него.

фото: Инстаграм