Надал против Федерер во 1/2 финалето на Индијан Велс

70

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Индијан Велс, откако извојува победа над Карен Хачанов со 2:0 во сетови. Тој во полуфиналето ќе ги одмери силите против најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер.

Шпанскиот тенисер го доби дуелот со Русинот Хачанов во два сета, но и во двата мораше да игра тај-брејк, добивајќи ги со идентични 7:2 и на тој начин се најде меѓу најдобрите четворица на овој АТП Мастерс турнир.

Она што ги загрижува фановите е фактот што Надал повторно се жалеше на повреда на коленото, но и покрај потребата од лекарска интервенција, успеа да го добие мечот од четвртфиналето.