Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, почна да тренира по операцијата на стапалото. Надал, кој е надвор од терените од почетокот на август, започна со полесни тренинзи во својата академија во Мајорка. Тој беше опериран пред еден месец, но очигледно проблемите со повредата се минато, а тој почна да се  подотвува за враќањето на турнирите.

Надал тренираше под будното око на неговиот тренер Карлос Моја, но неговото враќање на тренинзите не значи дека за кус период одново ќе го видиме на терените. Шпанецот од претходно кажа дека нема да игра до крајот на сезоната, а тоа значи дека сите мисли ќе ги насочи кон подготовка на следната сезона, односно за прбиот грен селм турнир во Мелбурн – Австралија опен.