Чичкото и поранешниот тренер на најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал, Тони, откри кои биле најболните порази на 19 – от грен слем шампион. Тој откри дека поранешниот светски рекет број еден само еднаш пуштил солза кога го загубил натпреварот.

-Единствен пат кога Рафа плачеше после пораз во соблекувална беше во 2007 година. Тоа беше финалето на Вимблдон, кога загуби од Швајцарецот Роже Федерер.

Тоа беше нивно второ финале на турнирот во Лондон, а Федерер победи со 7:6, 4:6, 7:6, 2:6, 6:2. Сепак, за Рага посреќно заврши во 2008 и 2010 година кога го подигна пехарот на Вимблдон, најпрестижниот турнир меѓу тенисерите.

Тони издвои уште два порази кои биле многу болни за Надал.

-Рафа два порази ќе ги памети цел живот, бидејќи тешко ги поднесе. Првиот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен во 2012 година, а вториот е од Робин Содерлинг на Ролан Гарос во 2009 година, откри Тони.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Надал во Мелбурн траеше пет часа и 53 минути, а по сетови заврши 5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5 и се смета за еден од најдолгите на сите времиња. Поразот од содерлинг беше во осминафиналето на Ролан Гарос, прв во кариерата за Надал на овој турнир. Шпанецот тогаш играше повреден и загуби со 2:6, 7:6, 4:6, 6:7.