Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, говореше за тоа што му помогнало  да го победи светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на грен слем турнирот Ролан Гарос.  Надал во финалето славеше во три сета со 6:0, 6:2, 7:5 и ја осови својата рекордна 13- та титула на турнирот во Париз.

Рафа кажа дека последниот меч против Ѓоковиќ на земја, на мастерсот во Рим од минатата година бил пресуден за победата во финалето на Ролан Гарос.

-Последниот натпревар на земја против Новак го имав во Рим минатата година. Играв многу добро и тоа го користев како некој вид на потсетник. Излегов на теренот со јасна цел и визија што сака да направам и како да тече играта, изјави Надал и доаде:

-Потоа дојде сложениот дел, да се спроведе замислата на дело. За среќа тоа беше еден од оние денови кога можев да направам се што ќе замислам. Ја чувствував својата игра и се функционираше совршено, заврши Надал.

Надал моментно го дели првото место на вечната листа со Швајцарецот роже Федерер по бројот на освоени грен слем титули.  Двацата имаат по 20. грен слем трофеи, додека Новак има три помалку.

Но српскиот тенисер урива рекорди на друго поле. Тој ја започна 291. недела на врвот на АТП и  се доближи до најдоброто остварување на Швајцарецот Роже Федерер, а доколку прдолжи вака ќе го помине и неприкосновениот Пит Самрас.