Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, мака мачи со повредите, а сега проговори и за тоа што може да го принуди да се повлече оед тениските терени и да ја заврши кариерата.

-Во овој момент не можам ништо да предбидам. Се обидувам да не мислам за годините. Доколку не можам да бидам физички и ментално свеж, ќе се повлечам. Се прашувам колку време ќе помине пред да се случи тоа. Разбирам колку сум среќен што волку долго играм. Благодарен сум му на тенисот заради тоа, објасни Надал.

Доколку престане активно да игра тенис, нема да излезе целосно од „белиот спорт“

-Јас сум во спортската индустрија. Имама академија која ќе ме држи во контакт со тенисот. Сакам да им помагам на малдите. Ќе имам повеќе време за фондацијата која им помага на децата со проблеми во развојот. Не се плашам од животот после тенисот, изјави Надал кој се надева дека ќе игра на Австралија опен наредната година.

Надал годинава мораше порано да ја заврши сезоната поради повреда на стапалото, направи операција и пред една недела им се врати на тренинзите. Тој сезонава не успеа да го особи ниту својот омилен турнир Ролан Гарос, на кој има 12. титули.