Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, предизвика паника кај своите навивачи. Надал извесно време беше во Барселона, каде се подвргна на оперативен зафат на стапалото на ногата.

Откако дојде време да излезе од здравствената установа, одлучи да им се обрати на навивачите со фотографија на која се гледа ногата во гипс и „бикот од Мајорка“ како стои на патерици.

-Сакам да ви соопштам на сите дека бев во Барселона со совјот тим и екипата на лекари сњо цел да добијам третман заради што ќе морам да отсуствувам од теренот подолго време. Се враќам дома каде ќе го почнам процесот на рехабилитација, навбеде Надал во пораката на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што Надал претходните месеци имаше сериоазни проблеми со повредата, голем број негви навивачи изразија страв заради фактот дека го очекува долга пауза, а многуман се прашуваат и дали 20 – от грен слем шампион ќе успее да се врати во препознатлива форма.

Поради повреда на стапалото Надал, мораше предвреме да ја заврши сезоната. Тој на Ролан Гарос беше елиминиран во четвртфиналето, а не се појави на Вимблдон, Олимпискиот турнир и САД Опен.