Надал: Не размислувам за 20 гренд слем титула

111

По пласманот во второто коло на Австралија опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека воопшто не размислува на 20-та гренд слем титула, туку дека е фокусиран на сопствената игра и на ривалите.

„Ова беше одличен старт. Третиот сет беше фантастичен, го одиграв на навистина високо ниво. Се обидував да пронајдам ритам што беше моја примарна цел во првото коло”, рече Надал по убедливиот триумф над Белиен од Боливија.

Надал во минатото 19 пати триумфира на гренд слем турнирите, но само еднаш во Мелбурн – во 2009 година. Најмногу титули има од Ролан Гарос – 12, четири на Ју-Ес опен и две на Вимблдон. Доколку оваа година успее по вторпат да ја покори конкуренцијата на Австралија опен, ќе се израмни со рекордерот по бројот на освоени гренд слем трофеи, Роџер Федерер кој има 20.