Надал му подари финале на Федерер

77

Откако го откажа настапот на мастерс турнирот во Мајами, се поизвесно беше дека ќе го предаде полуфиналениот меч и на турнирот во Индијан Велс против Роже Федерер, па така, љубителите на тенисот ќе почекаат до следниот трниски спектакл помеѓу Шпанецот и Швајцарецот.

Со ова Швајцарецот без борба обезбеди пласман во финалето на Индијан Велс, каде што ќе има шанса да ја освои својата 101 АТП титула.

Во пресрет на тенискиот спектакл во Калифорнија, Надал се откажа поради повреда на десното колено, па се што можеше само да му честита на Федерер за пласманот во финалето.

  • Денеска додека се загревав и почувствував болки во коленото. Сметам дека не е најдобро да играм еден ваков натпревар во полуфиналето на Индијан Велс, изјави Надал.

Федерер во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот Доминик Тим и Милош Раониќ, а битката за титулата е закажана за утре.