Франција не е безбедно место кога станува збор за коронавирусот и затоа организаторите на последниот грен слем турнир сезонава – Ролан Гарос ќе бидат на голем испит, заради што и самите направија строги протоколи за учесниците и нивната придружба.

Сите натпреварувачи ќе бидат сместени во два хотели во Париз, а ваквата одлука воопшто нема да му се допадне на светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и бранителот на титулата Шпанецот Рафаел Надал.

Најдобрите 60 тенисери ќе бидат сместени во хотелот Пулман, а останатите во Новотел и тоа важи за дите учесници, дури и за француските државјани кои имаат престојувалиште во Париз.

Следната мерка е учесниците во квалификациите да дојдат во Париз четири дена порано од нивниот прв натпревар додека оние кои ќе играат директно на главниот турнир да дојдат три дена пред  првиот натпревар.

За сите важи правилото пред првиот меч да направат два теста на коронавирус, првиот кога ќе стигнат во хотелот, вториот по 48 часа. Во зависност од нивното учество ќе мора да прават тестови на секој пет дена.

Доколку се случи некои од тенисерите да биде заразен, автомацки ќе биде сместен во карантин, односно дисквалификуван од турнирот. Доколку се случи пак некои од членовите на тимот да биде заразен, тогаш тест ќе му се направи и на тенисерот, а доколку се покаже како негативен и не ја делел собата со заразениот член од тимот ќе може да му се дозволи да го продолжи настапот на турнирот.

Тестирањата на турнирот во Париз ќе се вршат секој ден од 7 до 22 часот, а секој играч што ќе го одбие тестот ќе биде автоматски дисквалификуван.