Надал и Чиска ги налутија папараците

160

Најдобриот шпански тенисер и моментно светски тениски рекет број два Рафаел Надал, конечно речи да му стави крај на ергенскиот живот. Тој во октомври годинава ќе го изговори судбоносното „ДА“ на својата девојка Марија Чиска Перљо, со која е во љубовна врска 14 години.

Шпанските медиуми веќе ги открија идеталите околу веначавката на славната двојка, а се очекува ова да биде свадба на годината.

-Рафа и Чиска ќе застанат пред олтар на 19. октомври. Приемот за гостите ќе биде на имотот „Ла Форталеса“, на островот и ќе има исклучително силно обезбедување. Најтешко ќе им биде на папараците за кои единствен пристап ќе биде преку море. Комплексот вклучува луксузен базен, приватни соби, па дури и хелиодром. Целиот имот е изнајмен за свадбата на шпанскиот тенисер и ќе им биде на располагање на гостите.

Што се однесува до поканетите гости, на оваа свадба не е повикан светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, што донекаде е логично, бидејќи и и Шпанецот не беше на свадбата на српскиот тенисер. Но, на свечената церемонија ќе биде присутене Хуан Карлос (81), шпанскиот крал, кој приватно добро стои со Надал.

Кога станува збор за младенците, тие се во љубовна врска од 2005 година. Чиска е стручњак по финансиски менаџмент и работи како директорка во хуманитарната фондација на Рафаел Надал (исто како Јелена Ѓоковиќ). Убавата Шпанка се разликува од останатите девојки на тенисерите по тоа што нема профили на социјалните мрежи и ретко се појавува во јавноста.

Но, пред да стапне на лудиот камен, Надал ќе настапи на САД Опен, каде е поставен за втор носител. Прв е Србинот Новак Ѓоковиќ, кој воедно ја брани титулата, а во најтесниот круг за осовјување на титулата е и Швајцарецот Роже Федерер.