Надал им се налути на организаторите на Вимблдон

51

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал секогаш е во сенка кога се во прашање турнирите на трева. Тој е „крал на земјените терени“, па секогаш е во втор план при одредувањето на фаворитите за Вимблдон.

Таков е случајот и оваа година во која шпанскиот тенисер е трет носител, иако на АТП листата е втор, зад Новак Ѓоковиќ. Организаторите му дадоа предност на Роже Федерер.

-Мислам дека не е во ред Вимблдон да биде единствениот турнир кој што има свој систем на доделување на носителите. Тоа не е вообичаено и значи дека може да прават што сакаат. Не го велам ова само за мене, туку и за другите тенисери. Но, и покрај тоа, за да победам ќе мора да играм на високо ниво. Чувствувам дека сум подготвен да одам до крај, вели 18-кратниот грен слем шампион од Мајорка.

Турнирот во Лондон стартува на 1 јули, а ќе заврши на 14 јули со финалето во машка конкуренција. Надал да пати досега го сови Вимблдон, во 2008 и 2010 годинам додека Роже Федерер е рекордер со осум титули. Бранител на трофејот од минатата година е Србинот Новак Ѓоковиќ.