epa10437916 Novak Djokovic of Serbia in action during his Men's Singles final against Stefanos Tsitsipas of Greece at the Australian Open tennis tournament in Melbourne, Australia, 29 January 2023. EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, истакна дека сè уште е гладен за победи на големите турнири, среќен е за соборување на рекордот на Штефи Граф, повредата од Австралија опен е веќе санирана, а зборуваше и за двајцата најдобри шпански тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

-Среќна сум што соборив уште еден рекорд, во овој случај Штефи Граф. Безброј пати сум кажал дека овој спорт ми е сè во животот, сè сум му подредил. Имам одличен тим зад мене и семејство кое ми даде безрезервна поддршка. Го споменувам тоа за да ви дадам идеја од каде почнав да ги достигнувам овие големи височини кои изгледаат како нормално, но далеку од тоа. Во оваа фаза од мојата кариера чувствувам дека морам да вложам уште повеќе напор за да бидам во чекор со младите играчи кои ме предизвикуваат. Благодарение на тие лидери на новата генерација, импресиониран сум кога добивам пофалби од колегите и ривалите. Секогаш се трудев да бидам фер. Им благодарам што ги препознаа достигнувањата, особено на оние кои играат тенис. Тие знаат што е потребно. Што се однесува до мојата ситуација со повредата што ја добив пред АО, таа е санирана. Се приближувам до стопроцентен интензитет, но сè уште не сум на тоа ниво, изјави Ѓоковиќ и додаде:

Големо освежување за светот на тенисот е Карлос Алакараз, го заслужи освоениот грен-слем. Експлозивен тенисер, без мана. Тој може само да се подобрува и има фантастичен тим зад себе. Имаше повреда, но потоа ја продолжи победничката серија. Во овој момент, одржувањето на првото место го немам како апсолутен приоритет. Секако дека секогаш имам за цел да бидам број 1, но тоа го гледаме како последица на добрите игри. Приоритет е да останеме здрав.  Надал, пак, е мојот најголем ривал. Ние сме генерациски блиски, па на некој начин пораснавме преку турнирите. Тој заедно со Федерер најмногу влијаеше на мене и на подобрување на мојата игра.