Светскиот тениски рекет број два Шпанецот Рафаел Надал, нема да ја брани титулата на САД Опен, бидејќи планира да се посвети само на турнирите на земјена подлога.

Тој прво би требало да игра на мастерс турнирот во Мадрид кој ќе стартува на 14 септември, а потоа да ја нападне 13 – та титула на Ролан Гарос.

Ова го потврди директорот на турнирот во шпанската престолнина Фелисијано Лопез.

Надал исто ткака планира да учествува и на мастерс турнирот во Рим, кој е на програмата од 20 до 27 септември.

Отвореното тениско првенство на Франција почнува еден ден подоцна, што занчи Шпанецот доколку триумфира во Рим, повеќе од три недели во низа ќе биде на теренот.