Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, уште еднаш покажа зошто е „крал на земјената подлога“ откако се закити со трофејот на мастерс-турнирот во Рим. Тој по голема битка триумфирајќи над Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (7:5, 1:6, 6:3)

За Надал ова е десетти пехар во „вечниот град“, со што Шпанецот е убедливо најтрофеен тенисер во историјата на овој турнир. Ова за Надал беше 19. победа на земјена подлога против големиот ривал, вкупно 28 во дуелите со Ѓоковиќ (Србинот има 29)