Награди: „Златен објектив“ за Грбевски и Дончева

177

Филмските работници Димитар Грбевски, монтажер, и Елена Дончева, костимограф, се годинешните добитници на наградата „Златен објектив” за 2019 година, која Кинотеката ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

„Златен објектив“ се доделува по повод роденденот на Кинотеката како признание на поединци кои со своето професионално работење придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира.

Наградата на Дончева и Грбевски ќе им биде врачена утре (16 мај) во киносалата на Кинотеката.

Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков и историчарката и критичарката на филмот Илинденка Петрушева.