Награда од Сојузот на литературните преведувачи за Љубица Стојковска

62

Претседателството на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија ѝ ја додели повелбата „30 Септември“ на Љубица Стојковска, за нејзините многубројни преводи од англиски на македонски јазик.

Признанието на Стојковска вчера ѝ го врачи писателот Паскал Гилевски, претседател на Советот.

„Софија Сеговија, Виктор дел Арбол, Кејт Аткинсон и Џулијан Барнс се само дел од авторите во преведувачката работа на добитничката Стојковска“, соопшти Сојузот.

Повелбата е именувана по Светскиот ден на преведувачот – 30 Септември. Врачена е со задоцонување поради пандемијата од ковид-19, но е задржан континуитетот на нејзиното доделување, наведуваат од Претседателството на Сојузот.