Награда и промоција: „Book Star“ за „Ана“ на Николо Аманити

208

Романот „Ана“ од италијанскиот автор Николо Аманити е добитник на наградата „Book Star“ што ја доделува истоимениот Фестивал на европска книжевност. Наградата се доделува за најчитана книга помеѓу две изданија на фестивалот.

На 26 октомври, со почеток во 19 часот во Кинотеката ќе биде промовиран романот „Ана“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Калина Јанева. Разговорот, онлајн, со авторот ќе го води книжевничката и универзитетска професорка Анастасија Ѓурчинова.

„Главниот лик во романот, девојчето Ана, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Претходно опасен вирус од Брисел ја заразил целата планета и го убил целото возрасно население. Останале само деца. Организирани како детски орди… Во овој извонреден дистописки роман, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне доколку не се спротивстави“, ќе посочи издавачот.

Николо Аманити (1966) е италијански писател, автор на неколку романи и збирки раскази и добитник на највисоките книжевни награди во Италија – „Вијареџо“ и „Стрега“.