Расказот „Гладоморје“ на авторот пријавен под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

По распишаниот Конкурс за најдобар расказ, до жирикомисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Григор Стојкоски пристигнале 78 раскази. Според оценките на комисијата, расказот „Гладоморје“ претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.

Авторството ќе биде потврдено со четвртиот примерок на расказот, а на

лауреатот наградата ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната

манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во селото Велгошти,

родното место на Чинго.