Навивачката група „Шверцери“ на гала свеченост во МНТ(ВИДЕО)

135

Во петокот вечерта во зградата на Македонскиот национален театар, со дозвола од  Министерството за култура беа одбележани 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што апсолутно нема никаква врска со навивањето. Шверцери со знамиња и шалови, скокаа и скандираа од столчињата во театарор МНТ.

На „гала свеченоста“ , пренесува Спорт1, биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. На оваа манифестација, присутен бил и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.