Навивачи се обиделе да го тепаат судијата, па му го запалиле автомобилот

23

Голем инцидент го прекина натпреварот меѓу Вележ и Борац Бања Лука од фудбалското првенство на Босна и Херцеговина, а гостите овој меч го добија со службен резултат од 0:3.

Во моментите кога гостите поведоа со 2:0 во завршницата од мечот, на теренот влетале десетици фанови на Вележ незадоволни од сидуските одлуки. Тие сакале физички да се пресметаат со судијата Сабија Топаловиќ, а со себе носеле и предмети како дополнителна закана.

Босанските медиуми пишпуваат дека хаосот не завршил во Мостар, туку подоцна на друга локација, каде бил запален автомобилот на главниот судија Топаловиќ, а во кој биле сите судии од средбата.

Неофицијално, во болница покрај него бил примен и супервизорот на судењето на средбата, а на физички напад се пожалил и директорот на Борац, Дејан Лукендиќ.