Билетите за Лос Анџелес Лејкерс се повеќекратно поскапени по смртта на Коби Брајант. „Езерџиите“ првиот меч по трагичната хеликоптерска несреќа, во која загина нивната икона ќе го одиграат во својата арената „Стејплс“ против Портланд, откако минатата ноќ беше одложен дуелот против ЛА Клиперс.

Имено, неколку навивачи на Лејкерс ги продаваат билетите за влез на овој натпревар по енормно високи цени, па така, најевтиниот чини 1.000 долари, односно три пати отколку предвиденото, додека најскапите можат да се купат за цена од 18.000 долари.