Робусниот белгиски голгетер, Ромeлу Лукаку, пристигна во Милано каде во наредните неколку часа ќе ги заврши лекарските прегледи и ако се биде во најдобар ред ќе остане во Интер како позајмен играч од Челзи.

Белгиецот ќе добие плата од 8 милиони евра плус бонуси, а се согласи на намалување на примањата кои ги добиваше во Челзи само за да се врати во составот на „нероаѕурите“.

  • Многу сум среќен што се вратив во Интер, изјави Лукаку.

Лукаку по една сезона помината во Челзи, каде постигна само осум гола за „лондонските сини“, реши повторно да го облече дресот на Интер, тим со кој ја освои титулата во Серија А пред две сезони.