Навални ја издржува казната во затвор во Владимирскиот регион

33

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во  Владимирскиот регион, каде ќе ја издржува казната во затворот во градот Покров, објави агенцијата ТАСС.

Според достапните информации, Навални вчера е пренесен во Владимирскиот регион. Тој ќе ја отслужи казната во поправната установа бр. 2 во градот Покров“, додава ТАСС.

Како што пренесува, Навални прво ќе биде ставен во карантин.

Шефот на Руската федерална казнена служба Александар Калашников вчера потврди дека рускиот опозиционер Навални е префрлен во затворска колонија надвор од Москва, каде треба да отслужи казна од две и пол години затвор.

Судот во Москва ја замени условната казна на Навални за случајот „Ив Роше“ со вистинска затворска казна за повеќе прекршувања на казнените услови, а Московскиот градски суд ја потврди пресудата на 20 февруари и таа стапи на сила тогаш.