Навални полета за Москва

41

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска ја напушти Германија, каде што му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“ и полета за Русија.

Тој пред да влезе во авионот на Аерофлот во Берлин, изјави дека се чувствува многу среќно.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условната затворска казна, што му беше изречена во 2015 година.

Навални во средата соопшти дека планира да се врати во Русија и покрај ризикот да биде затворен веднаш по враќањето од Германија.

Рускиот опозиционер за труењето ја обвини Русија, додека Кремљ демантира каква било вмешаност.

Извор:МИА