Навални објави дека руски агент го затрул со „новичок“ преку долната облека

100

Москва го прошири списокот со санкции за претставници на ЕУ.Новите санкции следуваат само еден ден откако Навални соопшти дека самиот измамил руски агент да му признае дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) се обидела да го убие ставајќи му отров во долната облека.

Искористувајќи го старото талионско начело „око за око, заб за заб“ Русија им воведува санкции за претставници на ЕУ како одговор на санкциите воведени од Унијата за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, пренесуваат француските медиуми.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека како одговор на „конфронтирачките активности на ЕУ одлучило да го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ и институциите на кои ќе им биде забранет пристап до Руската Федерација“.

„Германските, француските и шведските дипломатски  претставници беа повикани во Министерството за надворешни работи во врска со воведувањето на антируски санкции за ЕУ, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова, пренесоа француските медиуми. ФСБ  овие докази на Навални го оцени за „лажни“ и соопшти дека тој е поддржан од странски разузнавачи.

Контрасанкциите се соопштени откако Москва вчера повика високи дипломати од Германија, Франција и Шведска, во чии лаборатории се потврди дека Навални во август годинава бил отруен со советскиот нервен агенс „новичок“. Алексеј Навални вели дека намамил руски агент за да открие како Федералната служба за безбедност (ФСБ) го отрула со новичок.

Агентот Константин Кудријавцев тоа ненамерно го направил за време на 49-минутен телефонски повик со Навални, кој се претставувал како висок службеник за безбедност, кој испитувал информации за обидот за труење во август во сибирскиот град Томск.

Снимка од телефонскиот повик беше објавена на веб-страницата на Навални, како и на веб-страницата на истражувачката група со седиште во Британија, Белингат. За време на повикот, кој користеше софтвер за да се појави дека потекнува од телефонска линија на ФСБ, Кудријавцев признава дека руските безбедносни служби го ставиле хемискиот нервен агенс Новичок во долната облека на Навални и очекувале дека тоа ќе го убие 44-годишникот додека бил на лет од Томск кон Москва.

Навални се разболел на летот кратко по полетувањето, поради што екипажот итно слетал во градот Омск. Тој беше хоспитализиран со денови пред да биде пренесен во Берлин, каде лекарите заклучија дека бил отруен со нервен агенс. „Ако авионот леташе малку подолго можеби сето тоа ќе одеше поинаку“, рече Кудријавцев, кој беше дел од операцијата за расчистување за уништување докази, а не дел од операцијата за поставување на отровот.