„Мјузик Фингерс” – уред којшто го претвора телото во ритмички инструмент (видео)

36

По „Ми.Му” ракавиците лани, светот на технологијата сега ни ги претставува и напрстоците кои ги претвораат човечките движења во музика.

Се работи за „Мјузик фингерс” коишто при допир со тврда површина, произведуваат ритмичен звук на тапани. Блутут-опцијата служи за поврзување со паметен уред, па така, звукот на тапани се емитира преку звучниците од телефонот или слушалките.Цената е 70 долари.

Ова е само еден од уредите кои служат за креирање музика. Претходно на пазарот се појави и топчето „Одбол” – што создава ритам во контакт со тлото.