Мјузикл за животот на Тина Тарнер – таа овој ноември полни 80 години

263

“Бродвеј“ наскоро ќе слави со новиот мјузикл кој ја раскажува богатата животна приказна на легендарната пејачка Тина Тарнер, a која овој ноември ќе наполни 80 години. Тина уште изгледа привлечно, носејќи на себе и мини здолништа. Во тој мјузикл Тина ќе ја глуми Адриена Ворен како дива која освои Греми, а сè ќе се случи на 7 ноември. Мјузиклот раскажува за почетоци на славната пејачка, за нејзиниот многу несреќен брак со насилникот Ајк Тарнер, па сè до нејзините нови почетоци како соло пејачка кога скоро сите ја одбивале не гледајќи во неа голема ѕвезда. Но, Тина не се предаде велејќи дека во неа има енергија за уште цел еден живот.