Муслиманите разочарани: Првата џамија во Атина личи на огромен киоск

80

Претседателот на муслиманската асоцијација на Грција изрази загриженост за формата и големината на објектот што треба да биде првата џамија во Атина во центарот на Вотаникос, велејќи дека тоа повеќе ќе личи на „огромен киоск“.

-Дали е ова џамијата што ни се ветуваше толку многу години?, рече Наим Ел Гандур, претседателот на Асоцијацијата на муслимани во Грција, за Радио Тема 104.6 во саботата.

Тој рече дека џамијата, која нема да има минариња ниту звучници, ќе има капацитет само за 300 мажи и 50 жени. Атина, според него, има муслиманско население од околу 500.000 луѓе.

Инаку, Атина е единствениот главен град во Европа во кој нема ниту една џамија.