Мусака од компир и спанаќ – брз и вкусен ручек

371

Спанаќот е познат по своите хранливи и здрави состојки, а веќе го има на пазарите, млад и свеж. Ви нудиме едноставен за подготовка, но вкусен оброк во комбинација со компири.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 300 гр мелено месо
  • 300 грама спанаќ, може и замрзнат
  • една главица кромид
  • 500 мл млеко
  • 200 гр кисела павлака
  • 4 лажици брашно
  • зејтин
  • сол и бибер
  • листови магдонос
  • 100-150 грама кашкавал (по вкус)

Подготовка:

Ситно сецканиот кромид испржете го на малку масло и додадете го меленото месо. Нека врие кратко. Додадете млеко, сецкан спанаќ и листовите од магдонос. Посолете и додадете бибер, а што провирие тргнете го од ринглата.

Посебно измешајте ја павлаката, брашното и малку млеко, а потоа додадете ги месото и спанаќот. Компирот насечете го на тенки кругови и ставете го во огноотпорен сад или тава. Зачинете со сол, па израмнете ја смесата.

Прелијте го претходно подготвениот фил со месо и спанаќ и веднаш ставете го во рерна на 240 степени. Печете го прекриено со поклопец или фолија.

Јадењето е готово по 45 минути и додека е топло посипете му магдонос и рендан кашкавал, по желба.

Уживајте!