Предводникот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо, беше задоволен конечниот резултат што неговите избраници го остварија против Шкендија (1:3) и се пласираа во 4. квалификациско коло во Лигата на Европа.

  • Убаво е чувството да победиш, на три меча и трите да бидат надвор од дома. Одигравме на нивото и си ја завршивме работата за пласман во наредната фаза. Сон одигра одлично, не е напаѓач, а играше против тимови како Шкендија. Не беше лесно за него, а откако влезе Кејн почна да игра на неговата природна позиција. Голот на Сон беше многу важен за нас, го одведе мечот во друга насока за нас. Имавме 1-1 во тој момент, па вториот гол беше многу важен. Започнавме како што посакувавме, 41 минути игравме добро и имавме наш простор. На стартот на вториот дел малку ни се искомпликува работата, но дојдовме до целта. Измените исто ја завршија работата кога влегоа на терен и го променија текот на играта. Добро е кога клупата реагира на таков начин и дава поинаков интензитет на фудбалот. Шкендија е добар тим, но ние одигравме според интензитетот. Почнавме силно, потоа им дадовме дел од играта и тие успеаја да погодат и да ни ја отежнат задачата. Ми се допадна како тимот реагира ментално по изедначувањето. Тренерот на Шкендија добро си ја заврши работата, Алими недостасуваше во средниот ред поради црвениот картон. Пандев ми кажа пред некој ден дека ќе победиме ама нема да ни биде лесно. Така и излезе на крајот, изјави предводникот на „петлите“, Жозе Мурињо.