Мурињо стави крај на дилемите

80

Контроверзниот тренер на италијанскиот калчолигаш Рома, Жозе Мурињо, најпосле стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата тренерска иднина. Во изминатите неколку дена доминираа информациите дека португалскиот стручњак е во игра за менаџерската функција во редовите на англискиот премиерлигаш Евертон, но „специјалниот“ за италијанските медиуми изјави дека не планира да ја промени средината и дека во следните три години ќе биде тренер на „волчицата“.