Натпреварот имаше несекојдневен вовед за кој слушна цел свет.  Голманите на Тотенхем забележаа дека голот на кој се загреваа е помал од пропишаниот и ја известија клупата. Потоа на сцена стапи Жозе Мурињо, кој излезе на теренот, ги измери головите од око и потоа ги повика судиите.

Деталното мерење утврди дека голот е навистина за пет сантиметри понизок отколку што требаше, па голманите мораа да го заменат голот со друг.

  • Се надевав дека сум пораснал, но голот беше всушност за пет сантиметри понизок. Голманите тоа го забележаа бидејќи тие живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и си ја реши работата, истакна Мурињо по натпреварот.

Оваа информација, која и самиот Мурињо ја објави на социјалните мрежи, се прошири со брзина на светлината во сите медиуми, па за димензијата на головите ни се смее цел свет. Едноставно кажано, кога Португалецот ќе науми шоу, тоа ќе го оствари, штета што овој пат добивме уште една лоша реклама.