Мурињо лобира за Вилијан

37

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо, испрати јасна порака до клупските челници дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги им и услугите на бразилскиот интернационалец Вилијан.

Офанзивниот играч за врска има договор со лутиот градски ривал Челзи до крајот на актуелната сезона, но се погласни се шпекулациите дека ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок. Освен Тотенхем, голем интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Барселона и Јувентус.