Мурињо и Конте со нови недоразбирања, овојпат околу трансферот на Ериксен

66

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ја продолжи својата расправија со менторот на Интер, Антонио Конте околу потенцијалниот трансфер на Кристијан Ериксен во гигантот од Милано. Ериксен е силно поврзан со „нероазурите”, кои не кријат дека го сакаат во своите редови.

Мурињо доби прашање на темата, кој според него разговарал со 27-годишниот играч од средниот ред за преминувањето на „Џузепе Меаца”, при што Специјалниот одговори дека станува збор за неговиот стар познаник во Премиер лигата, Антонио Конте.

– Мислам дека е Антонио, мислам дека е Антонио. Јавно беше. Тој е скоро сигурен дека Ериксен оди во Интер. Не треба да зборуваме за играчи од други клубови сè додека не станат наши играчи. Ме прашавте за Жедсон Фернандеш во моментот кога започна да се шпекулира, а јас не ви кажав ништо додека не стана наш фудбалер. Мора да ги заштитите сите. Дали е прашање на почит? Не сакам да создавам наслови. Ова е ваша работа. Доколку се сигурни во Интер, тогаш се сигурни, затоа што се подготвени да ни понудат понуда, што сè уште не се случила. Затоа, кога гледам како луѓето зборуваат, претежно луѓе со одговорности, малку се изненадувам, рече Жeозе Мурињо.

Раздорот меѓу португалскиот стратег и Антонио Конте датира од периодот кога Мурињо го предводеше Манчестер Јунајтед, додека Италијанецот водеше еден од поранешните клубови на Специјалниот – Челзи.