Мурињо го мерка Васкез

49

Крилниот напаѓач на шпанскиот гигант Реал (М), Лукас Васкез, е најновата желба на контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо. Трофејниот португалски стручњак е убеден дека повремениот репрезентативец на Шпанија може да биде идеална замена за аргентинскиот интернационалец Ерик Ламела кој сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Големата желба на „специјалниот“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 25 мил. евра.