Мурињо ги постави условите за да остане на „Олимпико“

149
epa10191982 Roma's head coach Jose Mourinho reacts during the Italian Serie A soccer match between AS Roma and Atalanta BC in Rome, Italy, 18 September 2022. EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, има договор со италијанскиот калчолигаш Рома до 30. јуни 2024 година, но постојано се шпекулира дека може подолго да остане на „Олимпико“.

Пред неколку дена, Мурињо имал состанок со клупските челници и за време на истиот им го презентирал планот кој би се реализирал доколку бидат исполнети сите некови побарувања.

Португалецот јасно ставил до знаење дека сака да бидат ангажирани најмалку три квалитетни засилувања за време на летниот преоден рок. Римската „волчица“ сака да се бори за шампионската титула во новата клупска сезона, а „специјалниот“ е сфесен дека тоа не е можно со моменталниот играчки кадар.

Португалецот побарал засилување во нападот и тоа поради фактот дека ќе остане без услугите на англискиот интернационалец Тами Абрахам кој веќе не крие дека сака да се врати во татковината. За него најголем интерес покажуваат раководните лица на Челзи и Манчестер Јунајтед, а од продажбата Рома очекува заработка не помала од 75 мил. евра.

Мурињо исто така сака ново лице во средниот ред и на позицијата централен дефанзивец. Моментално, првата опција, англискиот интернационалец Крис Смолинг, има договор до крајот на актуелната сезона, а се погласни и погласни се шпекулациите дека има добиено далеку побогата понуда од раководните лица на Јувентус и Интер.

„Специјалниот“ пристигна во Рим откако доби отказ од лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, а во минатото беше предводник на Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал (М), Интер и Порто. Римската „волчица“ моментално е петопласирана во Серија А со освоени 47 бода.