Мурали на елементите околу Универзална сала

151

Уметниците Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров изработија мурали на елементите околу Универзална сала, соопштија од Градот.

 

Муралите се подарок за градот и граѓаните на Скопје по повод 75-годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација.

Уметниците се дел од тимот Урбани уметнички акции и Центарот за современи уметности.