Музичкото училиште од Кочани на фестивалот „Интернационална музичка размена“

61

Ученици и професори од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани се вклучени во проектот „Интернационална музичка размена“ што се одржува во Унгарија. Поканата за учество дошла од градоначалникот на Сигетсентмиклош, збратимен град со Кочани, а на фестивалот учествуваат и музички училишта од Украина, Полска, Германија и од земјата домаќин.

– Оваа меѓуучилишна, меѓуопштинска и меѓународна соработка е од големо значење за нашата образовна институција која во Унгарија го претставуваат двајца наставници кои ја предводеа групата од ученици, од класите за флејта и виолина, како оркестарски инструменти. Освен дружењето, на фестивалот тие учествуваа во практични активности, односно настапуваа во помали ансамбли, групи, а на крајот беа застапени со нивни музички точки на завршниот концерт, истакна Јованка Милојевиќ, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“.