Од 1 март во Музејот на македонската борба во Скопје, Музичка младина на Македонија го почнува четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“.

Со годинашнава програма се планирани шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари до триесетгодишна возраст, од повеќе градови во државата.

– Платформата „Слободна среда“ е циклус концерти на кои настапуваат поединци или состави од музичари, инструментални и вокално-инструментални, а се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува што од година во година заинтересираноста кај младите музичари е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и за публиката, истакна Александар Герасимовски од Музичка младина на Македонија.

Концертите ќе се одржат на 1, 15, 22 и на 29 март, како и на 5 и 12 април, сите со почеток од 19 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот за нив е бесплатен. „Слободна среда“ е содржина со која се одбележува 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура