Музичарот Васил Ангов ја загуби битката со коронавирусот

137
Фото: Фејсбук

По компликации предизвикани од коронавирусот, синоќа во Гевгелија почина познатиот музичар, пејач Васил Ангов.

Toj во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“, пренесе ТВ24.

Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.