Музејот на современата уметност блесна во сина боја во чест на Денот на детето

51

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде осветлен во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

– Пандемијата на коронавирусот ги разоткри длабоките нееднаквости во нашите општества, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви – информираат од Музејот на современата уметност.

Секоја година на 20 ноември – по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето – светот го слави Денот на детето, а зградите и обележјата во целиот свет се осветлуваат во сино.

Минатата година значајни обележја во светот се обоија во сино, вклучувајќи ги Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

– Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата #КидсТакеовер, кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #КидсТакеовер на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19 – посочуваат од Музејот.

Покрај Музејот на современа уметност, и други институции во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

Во сина боја ќе бидат осветлени Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Амбасадата на Италија, како и Халк банка и Рамстор мол кои се приклучијае кон иницијативата.

Секоја година на 20 ноември, денот кога е потпишана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, во светски рамки се одбележува Денот на детето, а зградите и обележјата се осветлуваат во сино. Во 2019 година во сино беа осветлени важни институции како Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува во услови на пандемија која, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ги разоткри нееднаквостите во општествата, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви.

Имајќи го ова предвид, УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнис заедницата и сите други чинители да го одбележат овој ден како можност да се слушне како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината.