МПЦ-ОА: За време на празниците да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки!

110

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата.

Тоа, како што соопштија од канцеларијата на САС на МПЦ – ОА, подразбира верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите.

Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, стои во соопштението.