Моќна фотографија од мајка по нејзиното 36-часовно породување кажува сѐ

96

Дека секоја бременост е поинаква и секое породување-приказна за себе, сведок е и Тери Ен Мишел, мајка на три момчиња, која својата приказна за последното породување ја сподели на Инстаграм, а прикачената фотографија кажува повеќе од самите зборови.

„И натаму ја чувствувам фотографијава. По 36-часовно породување, го држев син ми в раце. Додека сите околу мене чистеа и средуваа папирологија, за мене времето застана во моментот кога за прв пат почнав да го хранам. Адреналинот и епидуралната анестезија почнаа да попуштаат и одеднаш телото ми стана претешко. Се чувствував исцрпено како никогаш досега, но секој миг вредеше, напиша мајката.

Таа откри дека го замолила својот сопруг да го фотографира целото искуство – и добрите и лошите моменти – болката и радоста.

„Не се сеќавам кога ја направил оваа фотографија, но успеа веднаш да ме врати назад во моментот. Оној момент, кој без неа, сигурно веќе ќе го имав заборавено“, вели Мишел преплавена од емоција.