Давид веднаш добил лавина позитивни коментари: Браво брату, се гордееме што си Штипјанец ,особено горд Македонец!

Давид Миладинов е релативно ново име на македонската естрада, но веќе ги освои симпатиите со патриотската “Кога падна на Пирина”, па во овој период тој сработил спот, но за уште една патриотска, многу омилената во народот “Послушајте патриоти” .

Никој не остана рамнодушен од снименото, па Давид веднаш добил лавина позитивни коментари: Македонецот наш, браво брату се гордееме што си Штипјанец и особено горд Македонец!

Спотот е снимен на локациите во стариот дел на Охрид отсликувајќи ја така славната историја на македонскиот народ. Давид е школуван музичар, поседува исклучително моќен глас, па за него не е проблем да испее и најкомплицирани песни.

Затоа наскоро во план му е да ја сними популарната италијанска “Адаџо“ ((Adaigo) на свој оригинален начин и во нов аранжман. Д.М.  /foto:FB/